Изгледаше како старица: На 15 години почина девојчето која имаше многу ретка болест (ВИДЕО)
Девојчето имаше само 15 години,
а боледуваше од прогерија, пореметување кое предизвикува
предвремено стареење
Почина девојката Адалија Роуз Вилијамс која имаше само 15 години и се прослави на Интернет поради необичното генетско пореметување кое го имаше. Мајката на Адалија потврди дека девојчето од Тексас починало во средата навечер.
Адалија имаше прогерија, ретко генетско нарушување кое води до ненадејно, забрзано и предвремено стареење. Иако имаше само 15 години,a изгледаше како да е во длабока старост.
Дијагнозата на нарушувањето чие полно име е Хачинсон-Гилфорд прогерија синдром е поставена кога Адалија имала само три месеци. Предизвикува предвремено стареење, бавен раст, опаѓање на косата, а предвидениот животен век на децата кои ја добиваат оваа дијагноза е само 12-13 години. Неколку стотици деца низ планетата страдаат од ова нарушување.
Малата Адалија реши да не се крие само затоа што изгледа поинаку од своите врсници, па стана ѕвезда на YouTube. Нејзиниот канал, на кој објави снимки од танцување, шминка и други тинејџерски активности, имаше повеќе од 339 милиони прегледи.
„Таа допре до милиони луѓе, и остави неизбришлива трага во срцето на секој од нив. Веќе ништо не ја боли, сега танцува на музиката што ја обожава“, стои на нејзината Фејсбук страница.
Фото: Youtube -screenshoot