Израсна во фраер: Анџелина Џоли ја уловија со мистериозниот син за првпат по конфликтот со Бред (ФОТО)
Пакс Тијен, синот на актерката израсна во згодно момче кое ѝ е голема поддршка на Џоли...
Анџелина Џоли е уловена во друштво на синот Пакс Тијен, кој важи за најтаинствениот член на познатото семејство, кој скоро никогаш не може да се види во јавноста. Имено, тие заедно го поминале попладнето во пазарување, а потоа завршиле на вечера во еден ресторан.
По долго време, Пакс конечно го уловија папараците, а од приложените фотографии може да видиме во какво момче израсна. Тој не сака да се експонира, и ги избегнува медиумите, а во прилог на тоа зборува и фактот дека не се појави ниту на сопствената матура, токму поради стравот од медиумската помпа.
Како што пренесуваат странските медиуми, Тијен не е во добри односи со Бред Пит поради својот брат Медокс.
Џоли откри во медиумите дека Бренд бил во конфликт со нивниот најстар син и тоа додека бил во алкохолизирана состојба. Тогаш Пакс веднаш застанал во одбрана на својот постар брат, и затоа сега е во лоши односи со татко му. Во целата ситуација дополнително била вклучена и полицијата и социјалната служба.
Меѓутоа, иако Пит демантираше дека дошло до конфликт, наводно од тој момент ниту Медокс, ниту Пакс немаат никаков контакт со нив.
Инаку, Тијен е посвоено дете. Роден е во 2003 година во Виетнам како Фам Куанг Санг, а за неговите родители не се знае скоро ништо. Актерите го посвоиле кога имал 3 години, а денес е многу поврзан за Анџелина.
„На почетокот мислев дкеа нема да посвојам дете од Виетнам, бидејќи Медокс е од Камбоџа, а двете земји имаат комплекса историја“ - кажа Анџелина во една прилика, алудирајќи на воената ситуација.
Пакс тргна по стапките на Анџелина и Бред, и веќе почна да стекнува искуство во глумата. Со мајка му работеше заедно на неколку проекти „Maleficent“ и „Kung Fu Panda 3“. Освен тоа, заедно со брат му Медокс, учествуваше во создавањето на воениот филм на Анџелина „First They Killed My Father“.
фото: Profimedia / Принтскрин / Инстаграм