Ја доби во шестата деценија и ја криеше како змија нозе: Како изгледа ќерката на Наоми Кембел? (ФОТО)
Ќерката на Наоми Кембел од самото раѓање беше голема мистерија за јавноста, бидејќи манекенката никогаш не ја покажуваше, меѓутоа сепак сподели некои од најинтимните моменти.
Супермоделот Наоми Кембел рекот споделува фотографии на кои може да се види нејзината ќерка, меѓутоа, овојпат направи преседан и време на одморот на Малдивите направи неколку фотографии со својата наследничка.
Имено, манекенката на 51 година доби ќерка, а потоа започнаа шпекулациите за тоа како всушност ја добила. Многумина зборуваа дека ќерката на свет ѝ ја донела сурогат мајка, а нејзиното криење на ќерката дополнително ги загреа бројните шпекулации.
Меѓутоа, Наоми рака под рака се шетала на плажа со својата наследничка, додека двете носат бели фустани. Интимните моменти кои познатата манекенка ги сподели воодушевија многумина, додека се нижеа коментари дека девојчето е исто како мајка ѝ.
По објавата дека станала мајка, оваа вест изненади многумина, бидејќи никој не знаеше дека е бремена. Своето бебе првпат го покажа на насловната страница на „Вог“.
„На една рака можам да го набројам бројот на луѓе кои знаеја дека ја имам. Но, таа е најголемиот благослов кој некогаш можев да го замислам. Таа е најдоброто нешто кое некогаш сум го направила“ - кажа Наоми во една прилика за својата ќерка.
фото: Принтскрин / Инстаграм