Ја фотографираа крвава среде Њујорк: Полицијата ја приведе Селена Гомез пред минувачите
Поп пејачката беше уловена од папараците во клучен момент...
Сцената од крвавата пејачка Селена Гомез во центарот на Њујорк, предизвика шок кај минувачите, а особено во моментот кога полицијата ѝ ги стави лисиците на раце и ја приведе.
Меѓутоа, станува збор за снимањето на телевизиската серија „Only Murders in the Building“, во која поп ѕвездата ќе има една од главните улоги. Сепак, моемнтот кога таа е цела во крв за потребите на снимањето, делува потполно реално, а папараците ја фотографираа во клучниот момент.
Таа ќе го толкува ликот на Мабел, а во серијата ќе глуми заедно со Стив Мартин и Мартин Шорт. Селена беше уапсена по убиството, а според изразот на лицето кој го направи откако ѝ ги ставија лисиците на рацете, делува дека не ѝ баш пријатно.
Да потсетиме, во големото интервју кое неодамна го даде за магазинот „Вог“, Гомез истакна дека луѓето и понатаму не ја сфаќаат сериозно, а најави и прекинување на музичката кариера.
„Мислам дека луѓето не ме сфаќаат сериозно и дека не ги интересира за она што го создавам. Тешко е да се прави музика во таква ситуација. Има денови кога помислувам „која е поентата на сево ова, зошто и понатаму го правиш тоа?“ Мислам дека „Lose You to Love Me“ е најдобрата песна која некогаш ја имам издадено, но за некои луѓе ништо мое никогаш нема дабиде доволно добро. Благодарна сум им на сите оние кои ме слушаат и ја сакаат мојата музика, но мислам дека ќе издадам уште еден последен албум и дека тоа ќе биде тоа“ - порача тогаш таа.
Селена јавно зборуваше дека има проблем и со биполарното пореметување, кое ѝ е дијагностицирано пред неколку години, а во 2016 година направи пауза во кариерата поради анксиозноста и паничните напади, сметајќи дека тоа е последица на лупусот од кој страда.
фото: Profimedia