Ја гледате најдобрата верзија од мене: Погледнете ја моќната трансформација на Стефан Лазаров (ФОТО)
Познатиот јутјубер и водител Стефан Лазаров ја покажа моќната трансформација на телото откако го променил животниот стил и навиките и почнал активно да вежба и да се храни здраво.
- Лево го гледате дечкото кој постојано наоѓаше изговори.
Многу работа, јутуб, немам време, ај да пивнеме, ај од утре...а десно? Десно ја гледате најдобрата верзија од мене..
И не се радувам само за изгледот. Тоа е најнебитно во овој случај. На секое поле се подобрив. Продуктивноста, среќата, борбеноста, одговорноста, тие се сега моите најдобри пријатели - порача Лазаров и откри дека покрај сите обврски, 135 дена бил како војник. Не промашил ниту еден ден, ниту еден саат, минута, секунда...
Браво за упорноста на Стефан кој дефинитивно треба да ни послужи како пример и инспирација.
Погледнете ги фотографиите од пред и потоа: