Ја инспирираат темнината и бизарноста: Стилот на актерката која за три дена собра 10 милиони следбеници на Инстаграм

Ја инспирираат темнината и бизарноста: Стилот на актерката која за три дена собра 10 милиони следбеници на Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Девојката која преку ноќ стана пример за милиони во последно време негува многу специфичен начин на облекување и тоа не случајно...

Новата серија на Нетфликс „Среда“ ни донесе модернизирана приказна за бизарното семејство Адамс и новите авантури на една мрачна девојка чијашто глетка ви предизвикува морници.

Овојпат Среда Адамс е тинејџерка, со исти борби како нејзините врсници, но сепак очекувано со луди и вознемирувачки пресврти.

„Среда“ доживеа огромен успех, а многумина истакнуваат дека, покрај одличната актерска екипа, во која се и Кетрин Зета-Џонс како Мортиша и Луис Гузман како Гомез, во голема мера се должи на младата актерка Џена Ортега (20), нашата нова среда.

Откако серијата ја воодушеви публиката ширум светот, Џена предизвикува овации кај публиката на секој чекор, а за само неколку дена доби повеќе од 10 милиони нови следбеници на Инстаграм, таа веќе има повеќе лајкови на своите фотографии од супермоделот Кендал Џенер... Почнува да зборува и за нејзиниот необичен стил, кој моментално е прилагоден на промоцијата на серијата „Среда“, така - мрачен, откачен, а сепак донекаде строг со малку кокетство со бизарното.


Џена Ортега и нејзините стилисти очигледно ја користат Wednesday Addams како модна инспирација, а ова се најинтересните изданија што ни ги прикажа во последно време.

На светската премиера на серијата „Среда“ во Лос Анџелес, Џена се појави како темна невеста, во црн фустан на италијанската модна куќа „Версаче“, кој е покриен со тантела, а сè е придружено со црн превез.


Класичен црн костум, бела кошула, црна вратоврска, чанта „Dolce&Gabbana“ и палто со строг крој... Баш како што би се облекла Среда Адамс кога би била поканета во утринската емисија!

На доделувањето на MTV наградите, Џена се појави во мал црн фустан, но на свој начин! Таа избра креација на „Valentino“ , која ги разголува рамениците и има необичен крој во стилот на Барби.


Како член на латино заедницата во Америка, Џена Ортега не го пропушти настанот „Annual Celebration Of Latino Cinema & Television“, каде што се појави во хипнотизирачка полупроѕирна и црна креација на „Сан Лоран“ со едно рамо.

Извор: glossy.espreso.co.rs

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: