Ја отстрани од натпреварувањето: Марија Спасовска доби посебно признание од Калиопи

Ја отстрани од натпреварувањето: Марија Спасовска доби посебно признание од Калиопи

Објавена во: Stars // Музика

Периодот на изолација поради мерките против ширењето на коронавирусот, Калиопи го користи да ја поттикне нејзината публика на  креативност. Таа дојде до оригинална идеја која во текот на месецот ќе ја реализира со нејзиниот тим, натпревар за сите нејзини фанови.

Преку пеење, музицирање, танцување и цртање поврзани на тема со некоја од нејзините одбрани песни на youtube плеј листа ќе се организира онлајн Калиопи Фан Арт креативен натпревар за нејзините следбеници.

На овој натпревар и во големата конкуренцијата, нашата претставничка на Јуниорската Евровизија, Марија Спасовска, реши да си ги измери силите со талентите од целиот Балкан. Но, се случи нешто неочекувано. 

Имено, Калиопи на некој начин ја отстрани од натпреварувањето, но за возврат на тоа младата доби неверојатно признание. Имено, Калиопи на Марија и понуди да излезе од конкуренцијата и да не се натпреварува, туку да биде домаќин заедно со неа. Исто така во понудата е вклучен и моментот заедно да го пречекаат добитникот на најголемата награда од Калиопи Фан Арт и заедничкото дружење да биде не само со Калиопи туку и со Марија како две евровизиски претставнички на Македонија.


Може да ве интересира:

Знаковниот јазик го искористи за да допре до сите: Песната на Марија ќе ве воодушеви

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: