Ја претепа, сега тој ја тужи неа: Сестрата на Уки Кју со нова исповед по ужасот кој ја снајде
Сара вели дека не е во никаков контакт со сопругот и не би се противела доколку остане така.
Дамјан Х, кој во еден момент од драмата беше осуден на едномесечен притвор поради сомнение дека ја претепал сопругата Сара, која е и сестра на ТикТокерката Уки Кју, сега наводно тој ја тужи неа.
Исто така, тој бара анализа за да се утврди дали детето што го добиле е негово, додека таа не може да поверува во каква ситуација се наоѓа по тепањето и семејното насилство.
- Живеам во постојан страв од насилници. Два месеци не излегувам сама од станот, бидејќи се плашам за мојот живот. Одам на психијатар, а кога ќе излезам на улица се вртам и мислам дека некој ме следи... Покрај сите мои стравови, водам и други битки. За малку ќе ме убиеше, а сега ме тужи мене и нашето бебе?! Сака да направиме ДНК анализа за да провериме дали детето е негово, а од друга страна во Центарот за социјална работа во Раковица инсистира да добие старателство над истото дете и вели дека сум неподобна мајка која оди по клубовите - Сара ја започна својата исповед за еден медиум и додаде:
„Сака да му го одземе презимето на детето“
- Каков човек може да биде тој, човек кој е способен да тужи родено бебе. Тој негира дека е таткото, бара ДНК тест за утврдување татковство, потоа се заканува и бара обесштетување, како и да му го избришат името и презимето од матичната книга на родените на нашето дете... Сакаше да ме убие, како и нашето бебе, а сега се однесува сосема лудо. Шокирана сум од неговото однесување. Јас и моето семејство поднесовме кривична пријава против него за семејно насилство, а бараме и забрана за приближување за мене и детето бидејќи не сакам да го видам во моја близина - си ја отвори душата Сара, а потоа се присети и на бруталното тепање, поради што целиот случај го пријавила кај надлежните, а потоа го оставила избраникот.
извор:24sedam