Ја симна од тронот: Чарли Д'Амелио повеќе не е најследената ТикТокерка во светот

Ја симна од тронот: Чарли Д'Амелио повеќе не е најследената ТикТокерка во светот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Со години е на првото место како најпопуларна и најследена, но тоа се промени.

Откако започна пандемијата на коронавирус и ТикТокот стана многу популарен, Чарли е таа која веднаш се издвои како главна и која од тогаш до денес беше кралица на ТикТок. Имаше најмногу следбеници и никој немаше шанси да ја симне од тронот.

Сѐ досега. Во последно време еден ТикТокер постојано ѝ беше зад петици, а сега успеа и да ја престигне. Колку и да е добра Чарли, тој е подобар. Така, Чарли моментално има 142.2 милиони следбеници, а новиот крал на ТикТокот, Каби Ламе, има 142.4 милиони следбеници. Мала, но значајна разлика.

@khaby.lame If  @50 Cent  had to do a casting in the 19th century.  #learnfromkhaby #learnontiktok @tiktok @tiktokcreators sonido original - 0riginal_G7

Каби стана популарен по снимањето на смешни видеа, а доколку не го следиш, ти препорачуваме да им се придружиш на овие 142.4 милиони следбеници, бидејќи содржините кои тој ги објавува се навистина добри. Додека Чарли во последно време на ТикТок објавува неоригинални видеа и живее на „стара слава“, Каби се труди и малку по малку, сите почнаа да го препознаваат тоа.

@charlidamelio @:) @arrington171 @katarina d baby keem -

Кога ќе погледнеш едно нејзино, па негово видео, јасно е како ден како и зошто успеал да ја престигне. Се прашуваме само зошто толку долго време му беше потребно. Каби стана новиот крал на ТикТок, и шансите да го престигне некој се многу мали. Единствена која му е во близина по бројот на следбеници е Чарли, но нејзиниот број на следбеници во последно време расте многу полека, за разлика до Каби.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: