Јагода, чоколада, ванила: Што открива омилениот вкус на сладолед за твојот љубовен живот
Дали познавате некој кој не сака да јаде сладолед? Ни ние не познаваме таков..
А дали знаете дека нашата љубов кон сладоледот од ванила, јагода или чоколадо може да открие многу за нас?
Студија, спроведена од американскиот бренд за сладолед „Breyers“, на 2.000 американски мажи и жени, поделени во групи според нивниот омилен сладолед од трите стандардни вкусови: ванила, јагода и чоколада, покажува што открива за тебе твојот омилен вкус на сладолед.
Кој сака јагоди, ќе најде љубов порано
Според истражувањето, љубителите на сладолед од јагоди ќе ја најдат својата голема љубов многу рано - имено, во просек на возраст од 24 години. Покрај тоа, тие сакаат џез филмови и научна фантастика.
Љубителите на сладоледот од чоколадо сакаат романтични комедии
Истражувањето, кај обожавателите на сладолед од чоколадо открива сосема различни работи. Љубовта ќе ја најдат на 26-годишна возраст и, за разлика од љубителите на сладолед од јагода, тие се екстровертни. Покрај тоа, тие сакаат поп и рок музика и романтични комедии.
Љубителите на сладолед од ванила се ноќни птици
А, што е со оние чиј омилен вкус е сладоледот од ванила? Што се однесува до љубовта, тие се во средина: тие ќе се вљубат сериозно на просечна возраст од 25 години. Што се однесува до останатото, многу сакаат кучиња и тие се повеќе интровертни луѓе. Според истражувањата, излегува дека тие се исто така ноќни птици.
извор:miss7
Преслатко видео: Девојче му шепоти на сладоледот за време на предизвикот за трпеливост