
Јавноста е бесна на српскиот јутјубер: Со автомобилот од 300.000 евра дивее по улиците на Белград
Иако младите во Србија може да добијат возачка дозвола уште на 16 години, изгледа дека за некои оваа граница би требало да се подигне. Помеѓу нив е 19-годишниот јутјубер Стефан Јанковиќ, попознат како Јанко.
Тој ја разбесне јавноста со видео од „дивјачко возење“ што го сподели од своето „Ферари“, а кое го сподели на својот Инстаграм профил.
Стефан прво се пофали дека има нов автомобил, црвено Ферари, а цената на овој „миленик“ е поголема од 300.000 евра. Потоа на на стори објави кадри од автомобилот, но и неколку видеа за време на возењето.
Јанковиќ се снимал и кога дивеел со својот скапоцен автомобил возејќи околу 150 километри на час, на пат каде е најголемата брзина која е дозволена е 80 километри на час.
Неговото возење разбесни многумина, но и ги загрижи, бидејќи го крши законот со брзото возење, загрозува голем број човечки животи и дава лош пример на младите кои го следат, а кои во најголем број се малолетни деца.
Да потсетиме, Јанко првпат се најде во центарот на вниманието кога ги разбесни сите со видеото во кое учи мајмун да вози мотор и автомобил.
Можеби ќе ве интересира:
