Јавноста во Британија е шокирана поради новата постапка на Меган Маркл: Сè започна откако излезе нејзината книга

Јавноста во Британија е шокирана поради новата постапка на Меган Маркл: Сè започна откако излезе нејзината книга

Објавена во: Живот // Живот

Сите бараат тајни пораки кои се однесуваат на бракот со Хари...

Меган Маркл ја издаде книгата која ја нарече „Клупа“, а зборува за односот татко и син. Британската јавноста веќе започна длабоко да ја анализира книгата и порака која Маркл ја испрати.

Издавачите на оваа книга веќе започнаа со продажба во над милион примероци, а сè е испланирано така што издавањето на оваа книга да се поклопи со Денот на таткото кој се слави ширум светот.

Она што многу аналитичари го наведоа како чудно е што Меган во оваа книга зборува за идиличниот однос на таткото и синот, токму сега кога односот на принцот Хари, со татко му, принцот Чарлс е нарушен, а нејзиниот татко живее само неколку километри од куќата во која живеат таа и Хари, но не се во добри односи и не се посетуваат.

Како што пишуваат медиумите во Британија, Меган била советувана од мајка ѝ во вакви околности да не издава ваква книга, но Маркл не попуштила. Она што се наведува како уште еден пропуст е дека Меган која се претставува како голема хуманистка, никаде не нагласила дека заработката од оваа книга ќе оди во добротворни цели.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: