Јелена Карлеуша јавно изреагира на интервјуто на Бресквица: Не ја заобиколи ни желбата за дует
Јелена Карлеуша која очигледно го изгледала екслузивното интервју кое Анџела Игњатовиќ - Бресквица го даде за „Телеграф.рс“ по повеќемесечната пауза и тишина по разделбата со Михајло Веуровиќ - Војаж.
Во споменатото интервју Бресквица ја коментираше Јелена, која јавно ја пофали нејзината нова песна „Сречан пут“, како и имиџот кој ѝ го претставува на публиката.
Како и секогаш кога некој ќе ја пофали, Јелена изреагира и јавно ѝ се заблагодари на Анџела за она што го кажа.
„Колку слатка, убава и културна девојка! Потполно нов „вајб“ за новите генерации!“ - напиша Јелена на Инстаграм стори, покрај видеото на кое Брексвица зборува за неа.
„Оваа жена е прекрасна... Ѝ благодарам до небото“ - ѝ одговори младата пејачка на Јелена исто така преку стори на Инстаграм.
За потсетување, Бресквица во интервјуто, на прашањето колку ѝ значи поддршката што ѝ ја даде Карлеуша по повод новата песна и спот, кажа:
„Сите ми испратија, семејството и луѓето од работа, многу се изненадив. Навистина, јас неа ја следам, многу ја сакам, почитувам и ми е мила, тоа ми значи многу. Ми значи што повозрасните колеги ме поддржаа, тоа е навистина голема работа. Би снила дует со Карлеуша, а дали би сакала таа со мене?“