Јелена Розга целосно скршена: Добив дијагноза, тешко е да се живее со тоа

Јелена Розга целосно скршена: Добив дијагноза, тешко е да се живее со тоа

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Јелена Розга во интемен разговор зборуваше за своите здравствени проблеми и за стресот со кој се соочила за време на кариерата.

„Со денови чувствував дека нешто не е во ред, но мислев дека во прашање се стресот и уморот, бидејќи беше јануари, а претходната година ми беше навистина напорна. Тој ден ми беше дијагностицирана тахихардија, а срцето толку многу ми чукаше што се уплашив, мислејќи дека ќе ми се сруши“ - раскажа Розга.

Проблемите со срцето, ги открила по еден ненадеен напад кој променил сѐ.

„Најважно е што помалку се вознемирува и не само поради срцето, туку и поради тироидната жлезда. По таа епизода во јануари 2018 година немав поголеми проблеми. Досега сите концерти во последните три години ги изработив без проблеми. Благодарение на терапијата и дисциплината, физички се чувствувам одлично. И понатаму можам да пеам и танцува скоро два часа со својата публика“ - рече пејачката.

Таа во последните три години е на терапија со бета блокатори поради срцето, а со години има проблеми и со тироидната жлезда. Тоа е хормонска терапија за која пие апчиња секое утро. А, проблемите ги открила во 2006 година.

„Се будев уморна, постојано чувствував умор и ја губев тежината. Бев на доктор и добив дијагноза. Набрзо почнав да пијам лекови, некогаш е тешко да се живее така, некогаш пак е лесно“.

Тие проблеми влијаат на нејзиното расположение, а во комбинација со стрес, ситуацијата се отежнува.

„Најлошо е кога ќе дојде ден кога имам снимање, а јас сум потполно потечена. Не ги препознавам своите раце. Добро, тоа е најмалку важно, бидејќи рацете секогаш можеш да ги сокриеш, но моите капаци, очи, уста... Знам да бидат потполно непрепознатлива“ - беше исрена Розга за „Глори“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: