Јутјубер намерно го урна авионот за да сними вирално видео: Доби многу прегледи, но и голема казна (ВИДЕО)
Идиличниот лет низ Калифорнија заврши скоро фатално за Тревор Џејкоб или тој сакал да верувате во тоа, откако ќе го погледнете неговото видео со едноставен наслов „I crashed my plane“ (превод: „Го урнав мојот авион“).
Меѓутоа, американската федерална воздухопловна администрација заклучи дека видеото е лажирано, т.е. дека Џејкоб намерно го урнал авионот и поради тоа е казнет со одземање на дозволата за летање и тоа на една година.
Во видеото може да се види како момче кратко лета над планинско подрачје во Калифорнија, пред пропелерот на неговиот мал авион одеднаш да престане да работи. Џејкоб вознемирен со многу пцовски скока од авионот, продолжувајќи да го снима својот пад, а потоа со помош на падобран безбедно слетува на ливада.
Неговиот авион за жал не го завршиш своето патување успешно, туку се урнал неколку километри подалеку. Во продолжение на видеото момчето по повеќе часови одење успеал да ја пронајде улицата и случаен минувач кој со автомобил го однел до градот.
Видеото на Јутјуб е објавено во декември минатата година, а воздухопловната администрација истрагата ја заврши во април 2022 година.
Одлуката ја донеле врз основа на неколку факти: не се обидел да го рестартира моторот, не се обидел да најде безбедно место за слетување, иако во близина имало неколку, не ја известил контролата за локацијата на авионската несреќа. Освен тоа, им било сомнително дека цело лето имал падобран на грбот, а не верувале дека камерите случајно биле поставени на стратешки места во авионот.