Јутјубер прави пари додека спие: Следбениците се натпреваруваат кој ќе го разбуди, а вие ќе се шокирате од сумата која ја заработил за 7 часа

Јутјубер прави пари додека спие: Следбениците се натпреваруваат кој ќе го разбуди, а вие ќе се шокирате од сумата која ја заработил за 7 часа

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Неверојатно!

Јутјуберот кој стои зад каналот „Asian Andy“ дошол на идеја да го уновчи својот сон, така што седум часа се снима себе додека спие и тоа го пренесува во живо на платформата „Твич“, а на неговите следбеници им е овозможено правото да се обидат да го разбудат, откако првобитно ќе уплатат пари за тоа.

Гледачите може да уплатат пари во замена за бучава, како гласна музика, лаење на куче или глас кој чита текст, а се со цел да го разбудат Енди од сон, пишува „Unilad“.

Ова момче, кое има повеќе од еден милион следбеници на Јутјуб, вели дека за само седум часа заработува по 16.000 долари.

Во видеото во кое го пренесува своето искуство, сподели видеа од вечерта во која следбениците се обидувале да го разбудат и признава дека неколку пати успеале во тоа, благодарение на гласната музика и говорните пораки.

„Проклетство, многу ви благодарам. Последниот рекорд беше 6.000 американски долари. Луѓе, 16.000? Некогаш возев „Убер“ за 16 долари на час, тоа е се што работев и одев на училиште. Ова е лудо“ - вака им се обрати на своите обожаватели, откако ја проверил сумата која ја заработил.

Првата личност која на овој начин заработила е Ајс Посехјдон, кој за 8 часа во 2017 година заработи 5.000 долари.

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: