Јутјуберот Бамбо со совет до сите млади стримери: Следете го вашиот сон, само така ќе стане реалност!

Јутјуберот Бамбо со совет до сите млади стримери: Следете го вашиот сон, само така ќе стане реалност!

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Еден од омилените ликови кои периодов се појавени на YouTube. Тој е еден од најхуманите личности кој на себе понесе многу акции за децата без родители и безброј активности за децата со попречен развој. Најпрепознатливата фаца особено меѓу децата - „БамБо“ или Златко Дојчиноски од Македонски Брод за Hashtag.mk ги открива неговите животни приказни....

# Како започна твoјата YouTube приказна?

- Мојата Youtube приказна започнува во 2011 година, тогаш започнав со правење пародии на видеа од филмови и цртани. Најпознато видео по кое почнаа да ме познаваат беше ДОЛИНА НА ВОЛЦИТЕ на Поречки Начин (Мак.Брод). Идејата за тоа видео ми дојде од тоа што гледав слични видеа на тие, па и јас  започнав да  ставам такви на мојот Youtube канал.

Објавувањето на интернет има и позитивни и негативни коментари, како се справуваш со негативните коментари?

- Престанав да реагирам на тие негативни коментари, секако доколку согледам дека некој од таквите коментари има навистина нешто реално да ме критикува ќе пробам да се поправам, но „ХЕЈТ“ коментарите не ги регистирирам.

# Каков совет би им дал на младите, надежни стримери?

- Најважно е да сте позитивни на секој ваш стрим. Позитивната енергија која ќе ја давате на вашите гледачи (следбеници) ќе може да ја почувствуваат и така ќе расте вашата гледаност и бројот на следбеници. И секако - СЛЕДЕТЕ ГО ВАШИОТ СОН, САМО ТАКА ЌЕ СТАНЕ РЕАЛНОСТ.

# Ти си доказ дека во Македонија постојат хумани и грижливи срца. Како помина операцијата и како се чувствуваш сега?

- Вака како прво сакам да се заблагодарам на секој поединец што помогна на било каков начин мојата операција да биде успешна. Да, сега сум добро, се чувствувам одлично благодарение на хуманите срца кои живеат во нашата држава, секако благодарност и на тимот кој ме оперираше во Република Турција. Благодарение на сите вас јас сега сум СУПЕР ОДЛИЧЕН 5-ка ^_^ , БЛАГОДАРАМ ЗА СЕКОЈА ДОНАЦИЈА ! Донации имаше секој ден повеќе и повеќе а кога фалеа последните 1000 евра, тие се собраа за неверојатни 3 часа.


# Кои се твои омилени јутјубери во светски рамки и имаш ли контакт со некој од нив?

- Па јас гледам повеќе наши, македонски јутјубери, а од страна следам еден од српските јутјубери со кој имам и одличен контакт тоа е MAGICNI VIDEO. Канал кој нуди гејминг и creepypasta (хорор приказни).  Го ОБОЖАВАМ тоа и нормално PEWDIEPIE.

# Кое е твое најгледано видео?

- GP ми го скрши срцето, тоа е мое најгледано видео, со кое искрено една година се зборуваше за тој ФАМОЗЕН кабел кој јас го заборавив кај Марко кога го составувавме мојот компјутер. На крај на Youtube Macedonia Show Марко конечно го врати мојот САКАН Кабел.

# Најлуда случка што ја памтиш од некој стрим? 

- Ух.. искрено на стримовите се случуваат милион луди работи, но една од нив што би можел да ја издвојам е таа кога му правев ПРАНК на GP каде му кажав дека мојот компјутер е расипан, хаха. Марко толку беше загрижен што веднаш почна да размислува каде ќе се носи на мајстор, тоа беше поради тоа што ден после тој стрим требаше да правиме стрим кај Марко заедно, тоа е едно од лудите нешта што ми текнуваат во моментов.

# По колку кафиња пиеш на ден? 

- Па искрено порано бев голем љубител на кафето и се случуваше да испијам и по 7-8 кафиња на ден, но после операција најмногу 2.

# Најкористен хаштаг?

-  #А

# Омилена песна?

- Enrique Iglesias - HERO  (BTW - ја слушам во моментов)

# Што пееш додека се тушираш?

- Либеро Бенд - МОЈА

# Позната личност што би сакал да ја запознаеш?

- ЏАСТИН  БИБЕР

# Кој ти е омилен цртан од детството?

- LA LINEA

# Што не сакаш да јадеш?

- БОРАНИЈА!

# Што би правел ако немаш интернет?

- Би патувал по светот (со саканата).

# Фортнајт или Кантер?

- К А Н Т Е Р 1L

# Најголем страв?

- Осаменост.

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: