Јутјуберот познат по скандалите најавува дека еден ден ќе биде претседател на САД

Јутјуберот познат по скандалите најавува дека еден ден ќе биде претседател на САД

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Верува дека ќе биде наследник на Доналд Трамп...

Во некој друг свет на ова само би се насмеале, но овој во кој живееме, не делува толку невозможно да се случи нешто вакво.

Можеш ли да замислиш твојот омилен јутјубер/ка да стане претседател на држава? Обожавателите на Логан Пол би можеле ова сценарио да го доживеат. Тој стана толку популарен поради скандалите во кои се појавува, а најголемиот од нив, кој беше отскочна даска за подоцнежната популарност е видеото кое го сподели, а во кое во шума на дрво виде мртов човек. Сите зборуваа за тоа, го „хејтаа“ Логан, но за кратко. Логан ситуацијата ја насочи во своја корист и стана еден од најпознатите јутјубери на светот. Без разлика дали снима влогови или музички спотови, кликовите доаѓаат.

Сега во новиот поткаст на каналот Impaulsive најави дека планира да се кандидира за претседател на САД и да победи. Дали само се шегуваше или навистина има вакви планови за во иднината? Со Логан никогаш не се знае. Во поткастот вели: „Пред смртта, ќе бидат претседател на САД. И искрено, најверојатно ќе бидам добар претседател. 2032 е првата година кога ќе можам да се кандидирам, но веројатно тоа ќе биде кога ќе пораснам - кога ќе бидат човек полн со интелигенција и мудрост. Ќе се кандидирам околу 2050 година. Се радувам што ќе бидам ваш претседател.“


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: