Кафеавата нијанса доминира: Џејла Рамовиќ во софистицирана комбинација која им одговара на сите
Пејачката избра три парчиња во интересна нијанса која владее во целата комбинација, но за нејзиниот комплетен изглед придонесоа и другите детали.
Пејачката Џејла Рамовиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија од својата нова модна комбинација и ги воодушеви сите, што може да се заклучи и по коментрите под нејзината објава.
Таа за оваа прилика одбра да се облече скромно и во исто време да изгледа гламурозно, што со искористените модни парчиња успеа да го постигне.
Се одлучи за три парчиња кои се во иста нијанса. Прво, тука се панталоните, кои се малку пошироки и пократки, а во кои нејзините нозе совршено се истакнуваат.
Во оваа комбинација се вклучени и чевлите со шпиц кои исто така се во кафена нијанса и на кои има интересни детали. Овој модел на чевли многу потсетува на популарните чевли од дизајнерската куќа „Валентино“.
Третото парче кое е во слична нијанса како панталоните и високите потпетици е нејзината чанта со златен синџир, која одлично се совпаѓа со ланчето кое го носи околу вратот.
Со сето ова одлично го искомбинира и белото сако кое го има наметнато и кое совршено се вклопи во комбинацијата.
Интересна беше и нејзината коса, која е прекршена на краевите, а кога е шминката во прашање, акцентот е ставен на впечатливиот црн „ајлајнер“.
Целата комбинација ја има потполнето со обетки.
фото: Принтскрин / Инстаграм