Кајли Џенер ја игнорира мајка си: Еве зошто не ѝ одговара на повиците

Кајли Џенер ја игнорира мајка си: Еве зошто не ѝ одговара на повиците

Објавена во: Совети // Семејство

Во семејството Кардашијан - Џенер последните денови се случува вистинска драма...

Имено, магазинот Forbes со години ја ставаше Кајли Џенер на првото место на листата богати и влијателни јавни личности и тоа како најмлада милијардерка. Причината за тоа беше нејзиниот успешен козметички бренд „Кајли Cosmetics“, пишува Cosmopolitan.

Сепак, во една од последните вести објавија дека нивните проценки сепак биле погрешни, бидејќи Кајли лажела за своето богатство.

Со оглед на тоа дека увид во богатството на Кајли има само нејзината мајка, која воедно и е менаџерка, се појавија сомненија дека токму таа ги фалсификувала даночните пријави за да го претстави бизнисот на својата ќерка поуспешен од тоа што всушност е.

Така, Крис Џенер е (наводно) таа која во медиумите ја претставувала Кајли како успешна жена од светот на бизнисот, а според гласините, Кајли веќе неколку дена не одговара на телефонските повици на Крис и тие две повеќе не се во добри односи.

По објавената вест во Forbes, Кајли својот одговор за целата ситуација го објасни на објава на Твитер:

„Со какви вести се будам? Мислев дека (Forbes) е угледна страница, а се што гледам се неточни изјави и непотврдени претпоставки. Никогаш не барав никаква титула, ниту пак се обидував да лажам за да дојдам до неа. Точка.“ 


Сепак, изјави дека и најновите обвинувања на сметка на нејзиното богатство не и пречат толку: „Но, во ред. Многу сум благослевена бидејќи имам прекрасна ќерка и успешен бизнис и се е во најдобар ред. Можам да најбројам листа на 100 други, многу поважни работи од фиксирањето на тоа колку пари имам. Тоа е ПОСЛЕДНАТА работа околу која моментално се грижам.“


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: