Кајли Џенер во самоодбрана: Зошто донираше само 5.000 долари за лекувањето на шминкерот?
Кајли Џенер цел ден беше на мета откако донираше само 5.000 американски долари за лекувањето на нејзиниот пријател Самуел Рауда. Јавноста ѝ замерува дека таа требало да ги покрие сите трошоци за неговото лекување наместо да бара од нејзините обожаватели, кои се илјадници пати посиромашни од неа. Сепак, Кајли е многу лута на ваквите коментари, па и се обрати на јавноста со долга порака на Инстаграм.
Имено, Кајли вели дека уплатила само 5.000 американски долари, бидејќи во тој момент недостасувале толку пари за да се надминат поставените 10.000. Сепак, потоа, границата се зголемила на над 100.000 долари, па нејзината донација не изгледала особено добро, пренесува „Е! News“.
„Верувам дека е важно да се разјасни овој лажен наратив дека од фановите сум барала пари и дека не сакам да ја плаам сметката на овој шминкер“ - напиша таа на Инстаграм стори. „Сем не е мој шминкер и за жал повеќе не сме во контакт, но работев со него пред неколку години и мислам дека е прекрасен“.
Кајли додава дека слушнала што се случило и дека сакала само да помогне. „Тие веќе собраа шест илјади долари, па додадов уште 5.000 за да се помине првичната цел. После тоа, објавив порака дека луѓето може да донираат ако сакаат“. Ријалити sвездата додава и дека семејството на Самуел ѝ се заблагодарило за сè и порача дека таа направила само едно човечко дело во ова тешко време.
Од друга страна, „Page Six“ пишува за тоа како Кардашијанс продолжуваат да трошат пари, па Кендал викендов го позајми авионот на Кајли за да лета од Калифорнија до Њујорк. „Кендал долета во саботата, а потоа се врати во Лос Анџелес во неделата. Можеби би можела да остане дома и да донира пари“. Патем, овој повратен лет чини 50.000 долари!