Кајли сепак има најдрага сестра: Откри дека оваа година посебно се зближиле (ВИДЕО)

Кајли сепак има најдрага сестра: Откри дека оваа година посебно се зближиле (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Иако ги сака сите свои сестри, една посебно ја издвои...

Се приближува крајот на годината, па сите во глава ги вртиме настаните кои ни ја одбележаа 2022 година.

Така, и Кајли Џенер размислуваше за тоа што ѝ донесе годината на деловен и приватен план, и објави ретроспектива на 2022 година. Тоа го направи преку видео, кое го објави на својот Јутјуб канал.

Кајли се присети на својата омилена комбинација, омилено патување, филм, најдраг настан и најдраги спомени кои ѝ ја одбележаа 2022 година.

Одговори и на прашањето која сестра ѝ била најдрага оваа година.

„Навистина е тешко, бидејќи сите ги сакам еднакво. Но, мислам дека мојата омилена сестра оваа година е Клои. Оваа година многу се зближивме. Ние сме во малиот клуб на мајки и тоа е голема работа“ - кажа оваа инфлуенсерка и претприемачка.

 На второ место се најде Кендал.

„Навистина ги сакам: Ким беше добра и со Кортни. Сите се мои најдобри пријателки. Имавме добра година“ - заклучи Кајли.

Што друго откри Кајли, погледнете во видеото, кое трае 3 и пол минути:


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: