Како Бил Гејтс ја запозна Мелинда: Таа имаше други момчиња, а јас Мајкрософт

Како Бил Гејтс ја запозна Мелинда: Таа имаше други момчиња, а јас Мајкрософт

Објавена во: Живот // Живот

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс кажа дека тој и неговата сопруга Мелинда ќе се разделат по 27 години брак.


Двојката се венчаше во 1994 година на приватна церемонија која е одржана на Хаваите. Во бракот добија три деца: Џенифер, Фиби и Рори Гејтс.

Бил ја запознал Мелинда набрзо откако таа во 1987 година му се придружила на Мајкрософт како продукт менаџер, додека седеле еден покрај друг на една деловна вечера во Њујорк.

Тој тогаш ја прашал Мелинда дали може да излезе со него на состанок за две недели. Неговото прашање многу ја зачудило па му кажала дека не е сигурна каде ќе биде и што ќе прави за две недели.

„Не си доволно спонтана“ - ѝ одговорил Бил.

По неколку години забавување, достигнале пресвртна точка во нивните животи.

„Знаете, многу се грижевме еден за друг и постоеа две можноси: или ќе се разделевме или ќе се венчавме“ - зборуваше Бил.

Еден ден Мелинда влегла во спалната соба на Бил и на таблата го здогледала списокот кој неа потполно ја изненадил.

„Здогледав листа на која Бил ги пишувал предностите и недостатоците на бракот со мене“ - раскажа Мелинда во документарецот кој е посветен на познатата двојка.

Во интервјуто, Бил се правдаше дека можеби тоа не било најромантичното нешто што го сторил, но тоа ја одразувало тежината на одлуката што тој морал да ја донесе. Неговите родители биле еднакви партнери во животот и работата, а тој не беше целосно сигурен дали е подготвен за такво нешто, пишува CBS.

„Сакаше да се венча, но не знаеше дали може еднакво да му се посвети на бракот и на водењето на Мајкрософт“ - го бранеше тогаш Мелинда.

На почетокот нивната врска не била сериозна и никој не можел да претпостави дека ќе премине во брак.

„Таа имаше други момчиња, а јас Мајкрософт“ - кажа Бил.

Им била потребна една година за еден на друг да си кажат „Те сакам“.

Се венчале по 7 години врска, Бил тогаш имал 38 години, а Мелинда 29.

„Многу е слична на мене, бидејќи е оптимист во животот и ја интересира науката. Во комуникацијата со луѓето е подобра од мене. Таа е помалку тврд оред од мене“ - зборуваше Бил своевремено за својата сопруга.

Двојката наскоро ја основаше својата филантропска фондација „Бил и Мелинда Гејтс“, и иако првично се стравувале, тој самиот на крајот истакна дека со текот на времето станале „еднакви партнери“.

фото: Tanjug/AP

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: