Како богаташка, поранешен сопственик на пицерија, портир и јасновитка го смислија убиството на моќниот Маурицио Гучи

Како богаташка, поранешен сопственик на пицерија, портир и јасновитка го смислија убиството на моќниот Маурицио Гучи

Објавена во: Живот // Живот

Фото: Shutterstock

Деновиве Лејди Гага е во Рим по повод снимање на сцени за филмот „House of Gucci“.

Лејди Гага ја доби главната улога и ќе ја глуми Патриција Реџани, поранешна сопруга на Гучи, која била вмешана во неговото убиство.

Но како всушност се случило убиството на Гучи?!
Патриција 
Реџани преку јасновитката Пина Ауриема го пронашла Бенедет Кераул, сопственик на пропадната пицерија, кој го уби нејзиниот поранешен сопруг.

Италијанката Патриција Реџани се омажи за Маурицио Гучи (1948-1995), богат италијански наследник, во 1973 година а кога тој ја остави, таа го нарача неговото убиство.

Имено, тие беа нормална двојка, имаа две ќерки, а по 12 години брак, Маурисио ја остави својата сопруга, велејќи дека оди на службено патување и повеќе не се врати дома.

Маурисио беше убиен на 27 март 1995 година. Тој беше ликвидиран од платен убиец пред влезот во неговата компанија, а само две години подоцна се покажа дека нарачателот е Патриција и дека неколку луѓе и помогнале да организира сè.

Фото: Profimedia

Како што раскажа Патриција неколку години подоцна, кога слушнала дека Маурисио планира да се омажи за Паола, му посакала смрт, но таа не била во станот сама да го повлече чкрапалото.

„Мојот вид не е добар и не сакав да промашам“, рече тогаш таа.

Додека Маурисио уживал со својата љубовница, неговата поранешна сопруга смислувала план за одмазда.

Вратарот на зградата-портирот Џузепе Онорато, рече дека го видел Маурисио, а зад него се појавила рака со пиштол. Иако Патриша по разводот изјави дека повеќе би сакала да го убие својот поранешен сопруг, немало никаков материјален доказ дека е поврзана со убиството.

А, тогаш во 1997 година, истражителите го составија мозаикот и го открија заговорот. Патриша преку јасновитката Пина Ауриема (која се движела низ високите друштва) го пронајде Бенедет Кераул, сопственикот на пропаднатата пицерија, да го изврши атентатот.

Патриша за оваа работа и платила на Пина Ауриема 262.000 фунти.

Тие ги поделиле парите со возачот кој го однел Кераула од местото на злосторството, но и со портирот на Морис, пред чии очи се случило убиството. Наскоро сите започнале да се расправаат, а јасновитката Пина започнала да ја уценува Патриша да и плаќа сè повеќе пари во замена за молчење.

На крајот, сите тие завршија на обвинителна клупа и добија долги затворски казни за здружување во злосторството.

Убиецот доби доживотен затвор, Патриша како нарачател на атентатот 29 години, а јасновитката, беше осудена на 25 години затвор. Возачот и портирот исто така добија ригорозни казни – првиот 29, вториот 26 години.

Во 2000 година, казната на Патриша беше намалена на 26 години, за да биде ослободена во 2016 година, по 18 години затвор. На нејзината сметка доби околу 16 милиони фунти, кои не можела да ги потроши додека била во затвор.

Денес италијанската „Црна вдовица“ живее со папагал и куче, доста осамена. Нејзините ќерки не сакаат да разговараат со неа, ниту пријателката која и помогнала да го најде платениот убиец.

- Имав други врски, но ништо како што беше со Маурициус. Тој беше мојата единствена вистинска љубов - заклучи таа неодамна.


Фото: Profimedia


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: