Како да престанеш да ги грицкаш ноктите: Спаси се од оваа грозна навика за краток период

Како да престанеш да ги грицкаш ноктите: Спаси се од оваа грозна навика за краток период

Објавена во: Совети // Семејство

Скоро половина деца и тинејџери ги грицкаат ноктите, а многумина и кога ќе пораснат не може да се спасат од оваа навика.

За тој проблем би можеле да бидат виновни дури и вашите родители. Научниците не се сигурно дали грицкањето на нокти е генетско, но децата чии родители ги грицкаат ноктите веројатно ќе започнат со грицкање.

Често овој проблем може да биде знак на емоционален или ментален стрес. Таа грозна навика има тенденција да се појавува кај луѓето кои се нервозни, анкциозни или чувствуваат дека ќе ги победите. Тоа е начин да се изборат со тие чувства. Луѓето често ги грицкаат ноктите кога им е здодевно, кога се гладни или се чувствуваат лошо. Грицкањето на нокти го правите без некое размислување.

Истото не предизвикува трајна штета, но секако има свои недостатоци. Ова се некои од причините за да престанете да грицкате нокти:

# Грицкањето може да предизвика чуден раст на ноктите. Доколку го уништите ткивото околу ноктите, тие може да престат да растат онака како што треба и на крајот да имате нокти со ненормален изглед.

# Може да ги ви ја расипе насмевката. За време на грицкањето на ноктите може да ви пукне заб. За време на грицкањето на ноктите може дури да си предизвикате проблеми со вилиците.

# Можете да се разболите. Рацете се дувло на бактерии, а ноктите се нивното совршено престојувалиште. Кога повеќе пати на ден ги ставате прстите во уста, ви се зголемуваат шансите за да се разболите.

Можеби откако знаеш за себе ги грицкаш ноктите, но овој пат навистина сакаш да престанеш, зарем не? Со помош на овие 5 едноставни чекори за кратко време ќе престанеш да ги грицкаш ноктите и вашите ноктите ќе изгледаат прекрасно:

#  Посвети се на тоа

Тое е најверојатно тежок чекор, но сигурно најважен. За да го прекинете магичниот криг на грицкање нокти, морате сериозно да престанете. Секако, секогаш зборувате за тоа дека би било убаво да се случи, но не преземате ништо поврзано со тоа. Да се предадете е главната работа кога станува збор за прекинување на навиките.

# Погрижете се рацете да ви бидат зафатени

Можеби ги грицкате ноктите од досада, па затоа е важно рацете да ви бидат зафатени. Кога ќе почувствувате потреба да ги грицкате ноктите, направете нешто друго за да си го одвлечете вниманието. Пратете порака на ваш пријател, цртајте, сликајте, плетете, исчистете ја собата или одете на трчање.

# Налакирајте ги ноктите

Лакирањето на ноктите е одличен начин за спречување на грицкањето, бидејќи кога вашите нокти се свежо налакирани, ти се многу поубави и никој не сака да јаде лак за нокти. Кога сте горди на својот маникир ќе бидете помалку склони кон тоа да ги уништите со грицкање.

# Идентификувајте го она што ве предизвикува 

Орнете внимание на она поради што всушност ги грицкате ноктите. Ги грицкате кога сте нервозни, анкциозни или под стрес? Доколку се случува тоа, пронајдете позитивни алтернативни методи за смирување, како што се метитација или јога, кои се од големо значење за да се победи оваа навика.

# Бидете трпеливи

Потсетете се дека за прекинување на навиките треба време. Тоа нема секогаш да биде лесно и можеби нема да успеете првите неколку пати, но важно е да продолжите да пробувате. Запаметете: можете да го постигнете се што навистина сакате.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: