Како да „ставите катанец“ и да го заштитите својот Вибер профил од љубопитните погледи?
Ова ќе биде особено важно, доколку компјутерот на кој ја користите Вибер десктоп апликацијата го користат повеќе луѓе...
Доколку вашиот компјутер, на кој ја користите десктоп верзијата на апликацијата Вибер го користат повеќе луѓе, се препорачува својот профил да го обезбедите и со лозинка.
Доколку посакате на таков начин да се заштитите од љубопитните погледи, од Вибер ги потсетуваат своите корисници како да си ја активираат лозинката на десктоп апликацијата:
Со клик на менито „more“ (три хоризонтални црти), па потоа на „Set a Viber Screen Lock“ (поставете лозинка за заклучување на екранот).
When using Viber for Desktop, you have the option to set a password to lock Viber so your chats stay yours only, even if you’re sharing a computer with others.
— Viber (@Viber) October 21, 2021
Go to More > Set a Viber-screen Lock.
Download on your computer: https://t.co/en0Sg60xAA#CyberSecurityMonth pic.twitter.com/IihPYiMjdz
Вибер неодамна ја воведе и функцијата за исчезнувањето на пораки во групните разговори, која е достапна во индивидуалните преписки уште од јуни 2020 година.
Учесниците на групните разговори сега може едноставно да ја вклучат или исклучат таа можност во било кој групен разговор и на тој начин да одредат дали сакаат пораката да исчезне по 10 секунди, една минута, еден час или еден ден по читањето.
фото: Viber