Како денес изгледа девојката од која сите се плашеле: Ѝ рекле да стави торба на главата, а потоа тој направил чудо

Како денес изгледа девојката од која сите се плашеле: Ѝ рекле да стави торба на главата, а потоа тој направил чудо

Објавена во: Совети // Семејство

Девојче родено со деформирано лице предизвикано од тумори денес изгледа непрепознатливо. Таа се оствари како мајка и сопруга

Вродените дефекти мора да бидат еден од најлошите кошмари на идните родители. Тестовите кои се прават во првите месеци од бременоста генерално покажуваат можни вродени аномалии и болести. Меѓутоа, често се случува тестовите да покажат дека сè е во ред, додека дури по раѓањето на детето излегува дека тоа не е точно.

Таква судбина ги снајде родителите, Тони и Тереза ​​Хол, кога ја добија ќерката Коди, за која пренаталните тестови гарантираа дека е совршено здрава. Меѓутоа, кога девојчето се родило, биле шокирани кога откриле дека има деформитет на лицето.


Состојбата се нарекува хемангиом. Оваа состојба предизвикува матичните клетки да станат бенигни тумори. Туморот се наоѓал под левото око на Коди и бил толку голем што ѝ го изобличил лицето. Лекарите им рекле на родителите дека ништо не можат да направат.

Родителите се помириле на судбината нивната ќерка да живее со тоа, ја прифатиле ситуацијата и живееле како сè да е во најдобар ред. Тие уживаа со своето девојче, носејќи го надвор и игнорирајќи ги негативните погледи.

Меѓутоа, луѓето околу нив беа толку негативни и имаа многу несоодветни коментари и прашања.

„Во Англија, нашиот сосед ја праша жена ми дали ѝ ставаме торба над главата на Коди кога ќе ја извадиме“, открива нејзиниот татко Тони.

Најтешки се погледите и коментарите на неуките на овој свет кои не разбираат што ѝ се случува. Како што одминуваше времето, состојбата само се влошуваше. Хол знаеја дека сакаат да го променат изгледот на Коди, бидејќи тоа многу ќе ѝ го олесни животот.


Откако девојчето наполнило 6 години, семејството решило да се консултира со пластичен хирург кој ќе го реши проблемот. Докторот ја прифатил одговорноста и ги презел работите во свои раце, а потоа следувале повеќекратни ласерски третмани.

Во период од 14 години, Коди имала 18 операции, вклучувајќи лифтинг на лице, ринопластика, кожни графтови, липосукција, дермабразија, операција на очите и ласерска операција.

Семејството морало да одвои повеќе од 376 илјади долари за целиот процес да биде како што треба.


Растејќи, Коди се соочила со многу негативни ситуации.

„Сето внимание понекогаш ме вознемируваше и доаѓав дома и велев дека не ми се допаѓа. Но, со текот на годините, луѓето сфатија дека јас сум тоа што сум. Луѓето доаѓаа до мене на улица и ми велеа „браво“ и дека се среќни за мене“, рече Коди.

Денес таа е мајка и сопруга

Инаку, Коди е вработена во болница, а токму таму го запознала и сегашниот сопруг Луис. Двојката се венчала во 2017-тата година.


Опишувајќи го нејзиниот голем ден, Коди рече дека не можела да ги задржи солзите. „Тоа беше емотивен ден и имаше солзи, особено кога го видов Луис на олтарот, но само солзи радосници“, рече таа.

Во меѓувреме, Коди стана мајка на две прекрасни деца.

„Само сакам да им покажам на луѓето дека има среќен крај“, заклучи Коди.



Извор: stil.kurir.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: