Како дете не можел да зборува: Денес има 7 години и течно зборува 9 јазици и пишува песни
На Рафаел уште кога бил мал му бил дијагностициран аутизам. Неговите родители на почетокот биле уплашени, но знаеле дека треба да го поддржат својот син. Одлучиле да ја истражуваат неговата состојба и да ги проучат методите за тоа како да го израснат.
Нивната приказна започнала кога Рафаел имал две години и осум месеци, а не знаел да каже ниту еден збор. Тогаш неговите родители посетиле невро-педијатар, кој им кажал дека Рафаел има невербален аутизам. Но, неговите родители не сакале да бидат врзани со една дијагноза, па така посетиле уште три доктори.
Извор: ИнстаграмДијагнозата останала иста. Најпрво неговите родители не знаеле што е аутизмот, но настојувале да научат сѐ за својот син да го израснат на што е можно подобар начин.
Рафаел почнал терапија, но не покажала промени ни по неколку месеци. Докторите тогаш им предложиле на родителите да му дадат таблет на Рафаел. Иако се плашеле какво влијание ќе има на него, родителите сепак биле подготвени на сѐ. Така започнала неговата интеракција со технологијата.
Рафаел гледал видеа на португалски јазик, бидејќи живее во Бразил, но напредокот бил забележан кога случајно почнала да свири песна на Англиски јазик. Неговите родители кажале: „Во тој момент очите му заблескаа поради она што го слушаше и гледаше. Знаевме дека нешто се промени“. Од тој момент започнала љубовта на Рафаел кон јазиците. Бидејќи има одлична меморија, тој може лесно да ги учи другите јазици и совршено да ги изговара.
Извор: Инстаграм
Рафаел сега зборува девет јазици, вклучувајќи ги англискиот, шпанскиот, јапонскиот, рускиот, францускиот и германскиот. Учи јазик по јазик. Кога ќе совлада еден, преминува на друг. Најдраг му е англискиот и му е најудобно да комуницира на англиски, па така многумина мислат дека е Американец и дека сега учи да зборува на португалски, кој го изговара многу потешко, иако живее во Бразил.
Рафаел секој јазик го доживува поинаку: германскиот не го сака многу, а го зборува тајно, англискиот му е најдраг и блиските луѓе настојува да ги поправа и да им помогне да го говорат подобро, а шанскиот секогаш го смее.
Но, јазиците не се единствениот талент на Рафаел. Тој е многу талентиран за музика и по само три лекции совладал некои работи кои луѓето ги совладуваат по 3-4 години. Често свири во парковите за забава. Имал можност да свири и со својот најдраг изведувач, Рафа Торес.
Неговата мајка верува дека поради Рафаел научила да го гледа светот на поинаков начин. Поради Рафаел сега неговите родители се поотворени кон светот и можностите кои животот ги нуди, но и внатрешниот потенцијал на секоја личност.
„Мора да верувате во потенцијалот на своето дете, без оглед на ситуацијата. Учете како да ги поддржувате и верувајте ѝ на својата интуиција. Ако вашето дете има аутизам, не значи дека ќе ви биде товар, туку може да биде можност за непрестано учење. Ако сте среќни, добри и ако внимавате, тогаш тие чувства може да ги пренесете и на вашето дете кое ќе се зарази со вашата радост и ќе расте среќно. Љубовта лечи од внатре кон надвор. Сите се поинакви на свој посебен начин“ - кажа Џули, мајката на Рафаел.
Воедно, Рафаел има многу можности за иднината поради познавањето на јазиците и другите хобија во кои е неверојатен, но родителите не сакаат премногу да го оптеретуваат со она што би можел да биде во иднина, бидејќи не сака да чувствува притисок, туку сакаат да го прави она што го сака, а тие и другите нивни синови секогаш ќе го штитат и внимаваат на него, пишува Brightside.