Како ве штити животното осигурување вас и вашите блиски?
Животното осигурување станува сѐ поатрактивно за македонските граѓани, кои сѐ повеќе ги согледуваат бенефициите од полисите за животно осигурување. Сѐ повеќе граѓани го препознаваат осигурувањето на животот како посакуван облик на осигурување и штедење, кое им гарантира сигурна заштеда овозможувајќи им истовремено финансиска сигурност при можни ризици.
Кога ќе се спомене зборот осигурување, на поголем дел од луѓето прво им паѓа на ум осигурување на возилото, домот, деловните простории и сѐ она што има одредена вредност и значење за нас. Првенствено избираме да ги осигуриме материјалните нешта, кои се, помалку или повеќе, заменливи, но често недостига навиката да одбереме осигурување што може да обезбеди финансиска заштита за нашето семејство. Животното осигурување е најценет и најчест облик на осигурување во развиените земји, и тоа од повеќе причини. Пред сè, затоа што е заштита на оние што зависат финансиски од нас и второ, затоа што на него се гледа како на штедење.
Полисите за животно осигурување претставуваат единствен финансиски производ, кој во исто време нуди опција за осигурување од ризик и штедење. Овој тип осигурување е наменет за луѓето што размислуваат долгорочно и не ги оставаат среќата и иднината на своето семејство на случајност. Со склучување договор за животно осигурување вложувате во вашата безбедност и во сигурноста на вашето семејство и создавате заштита од финансиски загуби, кои можат да се појават како резултат на несигурни настани. Истовремено, преку долгорочно штедење обезбедувате и зачувување на животниот стандард во подоцнежните години, но и финансиска заштита за семејството кога е најпотребно.
Внимателно следејќи ги зголемените потреби и интересот за животно осигурување,Кроациа осигурување - Животсоздаде производи приспособени на барањата на пазарот, финансиските можности и потреби на секоја индивидуа. Со осигурување на животот можно е да се избере износот на ратата, премијата, како и временската рамка на осигурувањето. По истекот на договореното времетраење на осигурувањето, осигуреникот ја добива на располагање договорената сума. Истовремено, за сиот период на осигурувањето, вашите најблиски се финансиски заштитени, што е и најголема предност на животното осигурување.
Секако, најважно при склучувањето животно осигурување е да се направи правилен избор на компанијата, која има знаење, традиција, стабилност и сигурност во работењето. Кроациа осигурување - Живот е компанија што работи успешно во осигурителниот сектор од нејзиното основање во 1884 година, а воедно е првата компанија за осигурување живот регистрирана во земјава и финансиска институција кај нас што поседува меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно со стандардот за квалитет ISO 9001:2015, меѓународен сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки согласно со стандардот ISO 10002:2018.
* ПР - објава