Каква мајка - таков син: Моден погодок на Париската модна недела на Викторија и Ромео Бекам (ФОТО)

Каква мајка - таков син: Моден погодок на Париската модна недела на Викторија и Ромео Бекам (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Не може секој да ја остави Викторија Бекам во сенка, но нејзиниот син направи храбар обид додека пристигнуваа на Париската модна недела во вторникот вечерта.

Модната дизајнерка и поранешна Спајс девојка, на Париската модна недела се појави во друштво на својот син, 19-годишниот Ромео. Тие беа во првите редови на ревијата за женска облека за есен/зима 2022 година во француската престолнина.

Младиот фудбалер, се издигна над неговата позната мајка додека се фотографираа, пред набрзо да се пробијат внатре.

Типично стилски облечена, Викторија го привлече вниманието со нејзината колоритна облека - виолетов џемпер и црвени панталони, искомбинирани со црвени високи потпетици. 

За разлика од неа, нејзиниот син Ромео на себе носеше волнен џемпер во бебешко розова боја над широкиот модел фармерки, искомбинирани со бели патики.

Со нив, на Париската модна недела беше и девојката на Ромео, Миа Реган.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: