Канје Вест ѝ одговори на Хејли Бибер откако таа го прозва: Му се потсмева и на Џастин Бибер
Канје Вест знае да ја испровоцира јавноста, а потоа едвај чека некој да го нападне. Тој ја нападна Хејли Бибер која сметаше дека е соодветно да ја поддржи уредничката на магазинот „Вог“ која му посвети цела објава на Канје и неговата одлука да промовира маици „Белите животи се важни“.
Канје по тоа објави скриншот од веста на Е! портал, а потоа напиша „Што, пак ме откажаа? Џастин, те молам кажи ми дали е така. Земи ја пред да се налутам“, мислејќи на Хејли.
Целата врева ја крена дел од црнечката заедница која целата работа ја протолкува како расизам, иако јасната намера беше да се исмее целото движење Black Lives Matter и да се покаже дека бојата на кожата не е важна. Во последните години оваа организација инкасирала милиони долари, а како што се испоставило истите милиони неоправдано ги потрошила на луксуз.
За разлика од медиумите, јавноста му дава речиси неподелена поддршка на Канје, а поддршката доаѓа од црнечката популација, па познатиот рапер Диди кој укажа на лудилото на омразата кон Канје и дека неговата порака намерно погрешно се толкува.
„Она што го кажува често е погрешно протолкувано, разбирате?“, рече тој. „Не го бранам, само велам дека овие работи ги прави чесно.“
Протестите на Black Lives Matter целосно исчезнаа, а нивните резултати не се видливи, освен што сопствениците на оваа организација станаа многу богати. Секоја поделба на луѓето според бојата на нивната кожа, а не според тоа каква личност се, е расизам и очигледно не е привилегија на белите луѓе.
извор:famoza