Канје Вест живее на стадион: Одбива да го напушти додека не го заврши своето „уметничко дело“
Американскиот рапер Кание Вест (44) наводно веќе некое време живее на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта, бидејќи се обидува да го заврши својот долгоочекуван музички албум наречен „Донда“.
Имено, раперот организираше забава по повод слушањето на албумот минатата недела, а тој планираше да го објави во петок. Сепак, објавувањето на албумот беше одложено и Канје остана на стадионот за да го заврши своето уметничкио дело, кое многумина веќе го фалат.
Претставникот на Канје за „The Associated Press“ изјави дека раперот планира да остане на стадионот сѐ додека не го заврши својот 10-ти студиски албум, на кој е многу горд.
„Донда“ го доби името по неговата сакана мајка Донда Вест, која почина во 2007 година откако беше подложена на операција за липосукција и намалување на градите.
Следниот ден починала во својата куќа поради компликации. Обдукцијата покажала дека нејзиното срце е во лоша состојба и дека тоа е причината за смртта.
После тоа, е донесен т.н Закон на Донда, според кој естетските хирурзи треба да ги направат сите потребни тестови пред операцијата и на тој начин да потврдат дали пациентот може да подлежи на тоа.
Инаку, на забавата по повод преслушањето на албумот присуствуваа и неговата наскоро поранешна сопруга, Ким Кардашијан (40) и нивните четири деца, по што многумина искоментираа дека двојката останала во добри односи и по разводот.
Меѓу другите големи имиња во публиката беа и поранешниот кошаркар Шекил Онил (49), пејачката Си Ло Грин (46) и раперот Биг Бој (46). Дури и српската пејачка Јелена Карлеуша го искоментира настапот на Кање и кажа дека тој е вистински уметник и дека неговата музика е вистинска уметност.
фото: Profimedia/Dana Mixer/MEGA