Кардашијан е бремена на 44 години: По 10 обиди за ИВФ падна во депресија, а начинот на кој ја објави бременоста е генијален (ФОТО+ВИДЕО)

Кардашијан е бремена на 44 години: По 10 обиди за ИВФ падна во депресија, а начинот на кој ја објави бременоста е генијален (ФОТО+ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Кортни Кардашијан е бремена по четврти пат.

Кортни Кардашијан (44) разговараше со својата сестра Клои во третата сезона на „Keeping up with the Kardashians“ и објасни дека се‘ уште се обидува да има бебе со својот партнер Тревис.

Желбата им се исполни и ѕвездата од споменатата серија Кортни е бремена, а тоа и му го соопшти на својот сакан на концертот!

На концертот на рок бендот Blink-182, во кој свири и Тревис Беркер (47), Кортни пред бината држеше транспарент на кој пишуваше:

- Тревис, бремена сум!


Идниот татко беше воодушевен, но и доста изненаден.

Тој веднаш се симнал од бината и дошол да ја бакне. И публиката била воодушевена, аплаудирала и ги снимала. Дури тогаш можеше да се забележи малиот труднички на Кортни.


Фото и Видео: Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: