Карлеуша со ќерките доживеа хорор за време на одморот: Луксузниот хотел во Турција е во пламен

Карлеуша со ќерките доживеа хорор за време на одморот: Луксузниот хотел во Турција е во пламен

Објавена во: Живот // Живот

Судејќи по видеата кои ги објави пејачката, тие доживеале вистински хорор...

Пејачката Јелена Карлеуша со ќерките Атина и Ника Тошиќ змаина во еден од најлуксузните хотели во Турција. Со своите следбеници на Инстаграм, вчера пејачката го сподели луксузот кој ја опкружува.

Но, на ова уживање му дојде крајот, откако изненадно сите гости од хотелот почнале да ги евакуираат. Имено, пејачката и нејзините наследнички, како и нејзината тетка, заедно со останатите гости ги качиле на брод кој ги пренесуваше далеку од пожарот.


Сево ова, Јелена го сними и го споделе со своите следбеници на социјалните мрежи.

Инаку, пејачката топлите денови од летото реши да ги помине со своите наследнички покрај море, а својата армија обожаватели вчера ја воодушеви со објавите од Бодрум. Атина и Ника неодамна беа во истиот хотел со нивниот татко, фудбалерот Душко Тошиќ, а сега уживаат со мајка им.

Од терасата, која се наоѓа на последниот спрат на хотелот, може да се види прекрасниот поглед кон морето кој Јелена го сними, а исто така може да се види и дека покрај луксузниот хотел има и прекрасна природа, како и проѕирно сино море.

Најевтината соба за во него за неа и девојчињата за 10 дена изнесува 10.779 евра, додека има и поскапи, а судејќи по објавите на Карлеуша, летувањето вреди за оваа цена која вреди цело богатство.

Кралски соби, тераси со џакузи, девет тематски ресторани, базени на сите спратови од хотелот, кои се дел од тераса, спа центар, се само некои од предностите на хотелот во кој престојуваат.

За жал, Јелена, Атина и Ника дефинитивно ќе мора да го прекинат ова уживање на луксузната дестинација на која сите се воодушевуваат.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: