Карлеуша сподели видео од починатиот кандидат: За него имаше само пофални зборови
Изненадната смрт на младиот Момир Луковац ги потресе и членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“...
Веста за смртта на младиот пејач Момир Лукобав, натпреварувачот од „Ѕвездите на Гранд“, вчера ја потресе јавноста, а за работите да бидат уште потрагични, ова момче пред кое беше иднината, се самоуби.
Членовите на жирито од споменатото натпреварување се огласија по тој повод, а неговиот ментор Александар Милиќ Мили изрази длабоко жалење и сочувство на семејството во соопштението.
И неговата колепка од жирито, пејачката Јелена Карлеуша е тажна поради прераното заминување на овој млад кандидат, па така на својот Инстаграм профил сподели дел од една емисија во која настапуваше Момир. Јелена во таа прилика му упати само пофални зборови и му додели безброј комплименти.