Карлеуша уште еднаш „удри“ по Анастасија Ражнатовиќ: Не пишувајте за оние на кои им се „слошило“ од 30 продадени карти (ФОТО)
Што кажа овој пат Јелена?
Настапот кој во саботата го имаше закажано младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ во Есен, Германија мораше да биде откажан. Причината за тоа што додека се подготвувала за да излезе на сцената, на Анастасија ѝ се слошило, а сите симптоми алудирале на тоа дека била пред колабирање. Поради тоа морала да го откаже излегувањето на сцена. Медицинската екипа која ја прегледала ѝ ставила инфузија и ја приморала да мирува.
По овој немил настан младата пејачка се огласи на Инстаграм:
„Драги мои, многу ми е жал што синоќа не можевме да го оствариме дружењето. Јас на моја голема жал бев спречена да настапам од здравствени причина. Ги читам вашите пораки и ви благодарам на разбирањето и поддршката. Толку се радував на настапот и многу ми е криво што на крајот го немаше и им се извинувам на сите кои ме чекаа. Виша сила. Јас сум сега добро и едвај чекам повторно да се дружиме и се надевам наскоро! Ви го должам тоа. П.С. На следниот настап се дружиме во Штутгарт на 2 април. Ве сака вашата А“.
На оваа тема се огласи и познатата пејачката Јелена Карлеуша, која без влакна на јазикот го изнесе својот став.
„Не го лажете повеќе народот! Како не ви е срам од лаги на вас од Блиц?! Ова не е фер кон целата музичка сцена! Пишувајте за другите 100 пејачи кои заслужија да се пишува за нив, кој синоќа издоминираа и ги наполнија клубовите! Не за оние на кои им се „слошило“ од 30 продадени карти! Лесно е да се наполни клуб во Париз кога настапува и Цоби истата вечер, кој пред некој викенд не го ни споменавте! Платените текстови за некој кој не би го поминал ни првиот круг во „Ѕвездите на Гранд“ не можат да помогнат. Едноставно доста е со фарсата и пишувајте за младите луѓе кои со труд, работа и ТАЛЕНТ СЕ БОРАТ КАКО ЛАВОВИ!“ - напиша Карлеуша покрај принтскрин од веста која ја имаше објавено српскиот портал „Блиц“.
Инаку, ова не е првпат Јелена да „удри“ по Анастасија, тоа го направи и по нејзиниот прв настап во Париз.
фото: Принтскрин / Инстаграм