Кармело Ентони: Еден од најдобрите во НБА

Кармело Ентони: Еден од најдобрите во НБА

Објавена во: Спорт // Кошарка

Дел е од петорката најдобри играчи на NBA, десет пати бил дел од NBA All - Star тимот, за да стане дел од Лигата на 19 години го напушта колечот и ѝ се посветува на кошарката. Еве уште неколку факти што можеби не сте ги знаеле за Мело.

Кармело Ентони има 34 години, професионалната кариера ја започнал во 2003 година.

Летово потпиша едногодишен договор вреден 2,4 милиони долари со Хјустон Рокетс. 

Во 2014 г. своето име го запиша во историјата на NBA со постигнати 20 000 поени во кариерата.

Истата година сруши уште еден рекорд постигнувајќи 62 поени на еден натпревар.

Мело е познат по уште еден рекорд во историјата на NBA. Тој е вториот најмлад играч што има постигнато 30 поени на еден натпревар.

Тој има порториканско и афроамериканско потекло. Роден е и пораснал во Њујорк.

Заработува милиони долари годишно, дел од нив дава во фондацијата што го носи неговото име и преку неа донира сретства за заштита на природата и за поддршка на талентираните деца.

Седумката на Хјустон Рокетс има освоено неколку златни и бронзени олимписки медали, го има соборено и олимпискиот рекорд  со постигнати 37 поени на натпревар.

Како и повеќето негови колеги сакал да биде актер, па се појавил како гостин во неколку филмови и серии.

Има необично домашно милениче, тој чува камила.


Објавена во: Спорт // Кошарка

Можеби ќе ве интересира: