Касандра е истата убавица, но Ранду нема да го препознате: Вака изгледа денес, некогаш најпопуларната актерска двојка

Касандра е истата убавица, но Ранду нема да го препознате: Вака изгледа денес, некогаш најпопуларната актерска двојка

Објавена во: Живот // Живот

Експанзијата на латино-американските серии во Македонија почна во 1997-1998 година, а најпопуларни меѓу нив, секако беа „Касандра“ и „Жаде“. 

Врв на популарноста беше кога Касандра во серијата заврши во затвор, па во некои земји на поранешна Југославија луѓето пишуваа петиција да се ослободи. Се продаваа и албуми со сликички со ликовите на Касандра, Ранду, Луи Давид, Доринда...

Ранду пак беше фрлач на ножеви во циркус, од чии точки им застануваше здивот на гледачите. Тој остана запаметен и по тоа што беше многу заљубен во Касандра, која беше негова ветена невеста.

Актерот кој го играше Ранду се вика Хенри Сото. Денес тој има, верувале или не, 60 години и не личи на славниот Ранду.

Додека на Ранду се сеќаваме по неговата долга црна коса и марами, Хенри има седа пократка коса во приватниот живот и има брада и мустаќи.

Убавата актерка Кораима Торес во улогата на Касандра ги освои срцата на гледачите.

Денес, Касандра има 47 години. Таа се уште игра во теленовелитe. Од Венецуела, се пресели во Богота, Колумбија. Се омажи за актерот Николас Монтеро и го имаат синот Ману Нико.

*Со синот Ману

Кораима изгледа неверојатно добро во нејзината пета деценија. Како воопшто да не се променила.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: