Кејтлин Џенер ја откри мистеријата: Еве зошто Кајли го промени името на синот
Кајли Џенер неодамна повторно стана мајка, а тогаш дознавме и дека на својот син му го дала името Волф. Меѓутоа, таа одеднаш одлучи да му го смени името, но причините за тоа останаа мистерија. Додека обожавателите претпоставуваа што точно се случувало, се огласи таткото на Кајли, Кејтлин Џенер, која даде официјално објаснување.
Кејтлин со задоволство разговараше со медиумите на една забава одржана во неделата, а кажа дека е среќна што веќе има десетина внуци.
„Јас на девојките постојано им зборувам дека сакам да имам 30 внуци. Го сакам тој број. Триесет е прилично добро, тоа ќе ја постави гранциата високо“.
Таа воедно кажа и дека знае кое е новото име на синот на Кајли, но и вети дека тоа нема да го каже.
„Јас тоа навистина не можам да го кажам. Кајли уште го нема официјално најавено. Зборувавме многу за тоа. Мислам дека имам многу искуство кога станува збор за имињата на децата и тоа прилично тешко“.
Како што таа истакнува, разбира зошто Кајли одлучила нејзиното бебе да не се вика Волф.
„Кога ќе се роди бебето, вие мислите дека знаете што треба да биде. Меѓутоа, кога го држите во раце и си играте ос него, тогаш помислувате дека името кое сте му го дале, можеби не е добро. Тоа е одлука на Кајли, но мислам дека се одлучи за навистина добро име“.