Кети Пери и Орландо Блум се селат во вила од 14.5 милиони евра: Први соседи ќе им бидат Меган и Хари

Кети Пери и Орландо Блум се селат во вила од 14.5 милиони евра: Први соседи ќе им бидат Меган и Хари

Објавена во: Совети // Семејство

Пејачката Кети Пери и нејзиниот сопруг Орландо Блум во август оваа година добија ќерка на која ѝ го дадоа името Дејзи Дав.

Двојката сега одлучи да се пресели во нов дом и купи нова куќа во Монтекита, во Калифорнија, за која даде 14.5 милиони евра.

На нив први соседи ќе им бидат принцот Хари и Меган Маркл со 17 - месечниот син Арчи, а во близина се и водителката Елен Деџенерис и нејзината сопруга Порша де Роси, пејачката Ариана Гранде и водилката Опра Винфри.

Инаку, луксузната вила 20 година била во сопственост на бизнисменот Роберт Кидер и она што ја издвојува е погледот кон прекрасниот пејзаж: од една страна е океанот, додека од другата зелени ридови.

Исто така, во дворот имаат и базен, а внатрешноста на куќата е опремена со скапоцен мебел.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: