Ким објави фотографија по гласините за разводот: Сите коментираат за еден детаљ
Ким Кардашијан позираше во хулахопки и долна облека со цел да го промовира својот моден бренд Skimms, но детаљ на нејзината рака ги привлече обожавателите.
Откако светските медиуми почнаа да пишуваат дека еден од најпознатите парови во светот, Ким Кардашијан и Кајне Вест се разведува, Ким со денови не се огласи за целата ситуација и не објави ништо на својот Инстаграм профил, но сега конечно се појави со нова фотографија.
Таа позираше во хулахопки и долна облека со цел да го промовира својот моден бренд Skimms, но детаљ на нејзината рака ги привлече обожавателите.
Веднаш откако медиумите ја објавија веста, Ким ги избриша сите фотографии на кои не носеше прстен, па затоа следбениците сметаа дека таа всушност негира сè или се обидува да ги скрие брачните кавги далеку од очите на јавноста. Но, се чини дека повеќе не и е грижа што мисли некој.
Да потсетиме, извор близок до парот за PageSix изјави дека Ким ангажирала адвокат и поднела барање за развод откако „ѝ било доста од сè “.
Фото: Инстаграм/kimkardsian
Можеби ќе ве интересира: