Кјара ја нападна Кендал Џенер: „Не ти е гајле за другите“
Порача дека не би требало да се потценува проблемот со коронавирусот.
Италијанката Кјара Ферагни веќе со денови, преку социјалните мрежи, предупредува на тешката состојба во Италија поради коронавирусот. Кјара ја предупреди и Кендал Џенер да престане да споделува погрешни информации и да не го потценува проблемот со вирусот, јавува Floor8.
„Ве молам вас, големите ѕвезди, како Кендал Џенер, немојте да го потценувате проблемот и со тоа да испраќате погрешни пораки. Немојте да ја направите грешката која ја направивме ние“ - зборуваше Кјара од станот во Милано, па додаде дека ситуацијата околу коронавирусот станала навистина сериозен проблем, кој сите треба да го сфатат.
„Ве молам, кажете го она што е исправно. Проблемот е тоа што болеста ќе се прошири кај многу луѓе, што здравствениот состав ќе падне и нема да може да излечи сите“ - вели Кјара.
Инфлуенсерката со сопругот организираше кампања за собирање на средства за болниците. Досега собраа повеќе од 4 милиони долари за иградба на дополнителни медицински установи за лечење на заболените во Италија.