Ќе бидам секогаш тука за тебе за заеднички да ги поминуваме сите бури: Помалиот син на Панчо наполни 8 години (ФОТО)
Помалиот син на Панчо наполни 8 години...
Владимир Блажев, попознат како Панчо од ДНК или како Диџеј Шорти Пи е една од јавните личности кои споделуваат детали и од својот приватен живот. Тој секоја прилика ја користи за да покаже колку е грижлив и внимателен татко, па така неговите двајца синот - Андреја и Марјан, често можеме да ги видиме на неговите социјални мрежи.
Сега, Панчо имаше посебна причина да го истакне само помалиот син. Имено, Марјан вчера наполни 8 години, а по тој повод се огласи и Панчо и јавно му упати честитка на наследникот.
„Со Маки сме на LEVEL 8. Ти посакувам само да си здрав и среќен. Сѐ што можам да ти ветам е дека ќе бидам секогаш тука за тебе за заеднички да ги поминуваме сите бури кои ги носи животот. Те сака тато, твојот вечен слуга.“ - напиша Панчо во емотивната честитка покрај фотографиите на кои позира со наследникот.
Инаку, во едно интервју за Женски магазин раскажа какви деца се неговите синови и кои свои особини ги препознава кај нив:
„Скромни и дружељубиви. Драго ми е дека се воспитани и лично јас имам некои принципи кои пробувам да ги имплементирам врз нив додека се мали. Деца како деца палави се и сè уште е рано да препознаам мои особини во нив. Среќен сум што Андреја сака спорт и во моментов тренира фудбал, а Марјан е маалска маскота што значи дека има големи шанси да тргне по моите стапки. Тоа значи тешко мене, но нека се живи и здрави. Како ќе старееме без проблеми, нели?“
фото: Принтскрин / Инстаграм