Ќе биде подобро: Откако му ги одземаа Ламборџинито и Поршето, Бака Прасе сега вози Југо
Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, пред неколку дена остана без двата луксузни автомобили.
Полицијата најпрво утврди дека Ламборџинито со германски регистарски таблички му било паркирано на обележан пешачки премин на една улица во Белград, по што утврдиле дека го паркираат самиот јутјубер, пишува Курир.
Поради фактот дека автомобилот е регистриран во странство, како и дека бил без присуство на сопственикот и дека го возела личност која има живеалиште во Србија, односно Богдан Илиќ, против него е поднесена прекршочна пријава.
Од истите причини возилото му беше одземено на Јутјуберот, но и поради полициските проверки и сомнежите дека има царински прекршоци.
Исто така, на Илиќ привремено му е одземен и автомобилот Порше, кој исто така имал цариски прекршок.
Бака Прасе на Инстаграм објави фотографија на која вози Југо, а го фотографираше и своето Ламборџини до кое моментално нема пристап.
„Ми недостасува бебе“ - напиша тој и откри: „Ќе возам Југо и Голф, но што е тука е, ќе има и подобри денови.“