Ќе направам вистински бум: Дара Бубамара најавува проект со Оливера Балашевиќ

Ќе направам вистински бум: Дара Бубамара најавува проект со Оливера Балашевиќ

Објавена во: Живот // Живот

Српската фолк пејачка Дара Бубамара посотјано е во фокусот на јавноста.
Во последно време телото го има доведено до совршеност и ужива во љубовта со дваесетина години помладиот партнер.

Деновиви повторно предизвика бура од реакции кога најави декја пишува автобиографска книга.

Дара Бубамара во книгата за нејзиниот живот, вели дека ќе има разговори за колегите што ќе ги именува.

Имено, на фолкерката во својата автобиографија наводно ќе ѝ помага вдовицата на Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера Балашевиќ, со која пејачката се дружи приватно.

- Минатата година на Миконос, помислив „Боже, да напишев книга, ќе испаднеше општ хаос“. Би ја насловила „Мои принципи“. Не започнав да пишувам веднаш поради коронавирусот, но сега е вистинското време да ја сработам мојата автобиографија - започна Дара.

- Разговарав со Оливер Балашевиќ и таа ми вети дека ќе ми помогне. Дваете сме пријателки, па верувам дека ќе ми даде корисен совет - рече Дара и откри за што ќе пишува.

- Нема да набројувам лажни имиња како што наведуваат некои. Ќе бидам искрена и ќе откријам сè што луѓето не знаат за мене, но и за некои мои колеги. Ќе ги именувам сите, ќе направам вистински бум! - рече Дара.

- Многумина од нив треба да се плашат од мојата автобиографија. Сигурна сум дека поединци веќе се тресат. Како што нема да лажам за себе, така нема да лажам и за моите колеги. Јас сум таква, или работам нешто до крај или воопшто не го правам тоа. Оливера ќе ми помогне да го скоцкам сето тоа убаво! - додаде Дара, пишува Информер.рс.

Дара Бубамара откри и како се запознала со семејството Балашевиќ

- Јас сум пријател на целото семејство Балашевиќ, тие се мои сограѓани од Нови Сад. Џоле многу ја сакаше и почитуваше мајка ми. Останав во контакт со Олја. Таа е прекрасна личност, многу ми е тешко што го загуби сопругот - заклучи Дара.

фото: TV PINK / SCREENSHOT

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: