Ќерката на Белов наполни една година: Пејачот ѝ ги посвети најубавите зборови на својата наследничка (ФОТО)
Една година среќа во домот на познатиот пејач...
Поп пејачот Александар и неговата сопруга Јелена станаа родители на малата Мина на почетокот на 2022 па сега за прв пат заедно ќе ја прослават Новата 2023.
Белов често знае да сподели фотографии од малата Мина, а тоа го прави речиси секој месец на датумот на кој е родена неговата прва среќа.
Така, овој пат сподели фотографија на која позира заедно со својата наследничка, но овој пат преку објавата ѝ го честиташе првиот роденден.
„Ти посакуваме лесен и прав пат, само насмевки и најубави соништа, живот без грижи и успеси на сите нови почетоци! Те сакаат твоите мајка и татко, среќен роденден најдрага наша“ - напиша македонскиот пејач на фотографијата на која позира со својата наследничка.
фото: Принтскрин / Инстаграм