Ќерката на Хајди Клум се соблече топлес и ги покажа изгорениците: Ова мора да боли (ФОТО)
Ќерката на манекенката Хајди Клум, Лени Клум, се фотографираше топлес, а на следбениците им се пожали за изгорениците по телото, како последица од предолго сончање. Лени се фотографираше а фотките ги објави на своето стори на Инстаграм.
- Очигледно не користев доволно крема за сончање... - напиша таа на фотографијата.
Ова не е прв пат Лени да биде невнимателна на плажа, пред една година сподели уште една фотографија во костим за капење од шезлонга каде што исто така се изгоре од сонце.
Инаку, Хајди ја доби Лени во кратка врска со бизнисменот Флавија Бријаторе, а по раскинувањето со него продолжи да го дели старателството со поранешниот сопруг Сил.
Фото:instagram/leniklum