Ќерката на Моника Белучи и нејзиното момче важат за најубава двојка: Кој е Лука кој го освои срцето на убавата Дева

Ќерката на Моника Белучи и нејзиното момче важат за најубава двојка: Кој е Лука кој го освои срцето на убавата Дева

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Моника Белучи од бракот со Винсент Касел ја има ќерката Дева Касел, која ја започна својата професионална кариера

Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел е во врска со Лука повеќе од две години. 

Тие имаат исто француско-италијанско потекло, иста професија и заедничка страст за песочните плажи. Дева Касел и Лука Саландра ретко ја покажуваат својата љубов на социјалните мрежи и се гледа дека меѓу нив владее хармонија и љубов.


Кога заврши средно училиште во Париз, Дева во мај минатата година изјави за „Vanity Fair“ дека сака да оди во Њујорк со момчето Лука на неколку месеци.

„Ќе земам една година одмор за да одлучам што навистина сакам. Кога бев помлада, не сакав да снимам филмови. Воопшто не ја сакав таа работа. Почнувам да размислувам за тоа сè посериозно, но полека. Моите родители ме советуваат и ме охрабруваат да направам свој избор“, изјави еднаш Дева.


На 9-ти јули, убавата Дева предизвика сензација на ревијата на „Долче и Габана“, која беше организирана во Саракуза. Манекенката не само што можеше да го слушне аплаузот на своето момче Лука, кој седеше во првиот ред, туку имаше поддршка и од нејзината позната мајка Моника Белучи.

Ќерката на Моника Белучи привлекува големо медиумско внимание. Младата Дева Касел неодоливо ја потсетува на нејзината мајка, а многумина и предвидуваат многу успешна кариера.

Извор: stil.kurir.rs

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: