Ќерката на најубавиот поранешен пар, збунува со промените: Сакала да стане момче, но сега носи само женствени работи (ФОТО)
фото: ZUMAPRESS.COM / MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIA
Шајло Џоли-Пит повторно се појави во женско издание, овојпат во Рим.
Шајло Џоли Пит, ќерката на најубавиот поранешен пар на светот, Бред Пит и Анџелина Џоли, со години ги збунува фановите со промените на имиџот.
Долго време, поради нејзиниот „машки“ стил на облекување и момчешки фризури, но и фактот дека Бред Пит еднаш откри дека Шајло веќе некое време експлицитно барала да се вика Џон, а целото семејство се согласило, се шпекулираше дека девојката сака да го промени полот. Но во меѓувреме Шајло покажа дека знае да биде женствена кога сака.
Во октомври минатата година, кога Анџелина и нејзините деца се појавија на премиерата на филмот, сите гледаа само во убавата Шајло, која блескаше во долг фустан без ракави.
Најновите фотографии направени деновиве во Рим, ја прикажуваат Шајло во опуштено, но и женствено издание.
фото:COBRA TEAM / BACKGRID / BACKGRID UK / PROFIMEDIA
16-годишната девојка е фотографирана во шорц со трегери и црна маица, а кратката момчешка фризура ја заменила со долга коса врзана во опавче. Со неа беа мајката Анџелина и сестрата Захара.
фото:COBRA TEAM / BACKGRID / BACKGRID UK / PROFIMEDIAПознатиот пар изјави дека нивната ќерка имала само две години кога за прв пат кажала дека сака да се облекува како момче. Нешто подоцна, за време на посетата на водителката Опра Винфри, Бред Пит откри дека неговата ќерка изразила желба да и се обраќаат со Џон.
извор:wanted.mondo