Се облекуваше како момче, сакаше да ја викаат Џон: Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит наполни 16 години и потполно се промени (ФОТО)
фото:profimedia
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, денес е вистинска убавица од чија убавина сите занемуваат.
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит дефинитивно важи за дете на познати личности кое буди најголем интерес. Шајло Џоли Пит вчера наполни 16 години, а оваа млада девојка низ годините привлекува големо внимание во јавноста.
И се погласни се коментарите дека колку повеќе старее, толку повеќе личи на својата позната мајка Анџелина Џоли.
Иако Шајло со години го истражува нејзиниот идентитет, во последната година се почесто може да се види во поженствени изданија.
До неодамна се шпекулираше дека Шајло сака да го промени полот, во претходните години, ќерката на Анџелина и Бред можевме да ја видиме само во машка гардероба и со кратка фризура, додека денес ситуацијата е сосема поинаква.
Познатиот пар изјави дека нивната ќерка имала само две години кога за прв пат кажала дека сака да се облекува како момче. Нешто подоцна, за време на посетата на водителката Опра Винфри, Бред Пит откри дека неговата ќерка изразила желба да и се обраќаат со Џон.
- Сака да ја викаме Џон. Џон или Петар, и мислам дека тоа е поради Петар Пан - изјави тогаш актерот, а неговите зборови подоцна ги потврди и Анџелина.
- Таа сака да биде момче. Моравме да и ја скратиме косата. Сака да носи облека за момчиња, а себеси се смета за еден од браќата - изјави актерката во интервју за „Венити фер“ во 2010 година.
- Мислам дека не е работа на светот да толкува било што. Сака да се облекува како момче и сака така да се потстрижува и сака да ја викаме Џон. Некои деца сакаат да бидат Супермен, а таа сака да биде како нејзините браќа, изјави Џоли за Дејли Меил пред неколку години.
Сепак во последно време Шајло го промени стилот, многу почесто ја гледаме во фустани, а ја пушти и косата да ѝ порасне.
Тинејџерката која уште од најмала возраст ја интригира јавноста и медиумите, со секое ново појавување успева да ја засени мајка си, но и браќата и сестрите.
фото:profimedia
извор:stil.kurir
Ќерката на Анџелина Џоли го украде целото внимание на црвениот килим: Шајло во мини фустан и со шминка